Германија ги затвора границите за патувања од земји каде се шири новиот сој на коронавирусот

 Германија ги затвора границите за патувања од земји каде се шири новиот сој на коронавирусот

ерманија размислува да воведе забрана за влез на патници од земји каде се шири новиот сој на коронавирусот како Велика Британија, Португалија, Бразил и Јужна Африка.

Претходно Белгија ги забрани сите непотребни влегувања и излегувања од земјата, Холандија, пак, воведе забрана за сите летови од Обединетото Кралство, Јужна Африка и од земјите од Јужна Америка. Португалија донесе одлука за затворање на границата со Шпанија на две недели.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер истакна дека за да се заштити населението, Германија не треба да дозволи влез од региони во кои се шират новите варијанти на коронавирусот. „Подготвуваме национални мерки“, вели тој.

Граѓаните на Австралија, Кина, Нов Зеланд, Сингапур, Јужна Кореја, Тајланд и од вчера Јапонија, можат да влегуваат во земјите во Унијата. Брисел се противи на идејата на затворање на границите на Унијата.

>
>