Ги чисти цревата и го зајакнува имунитетот: 5 моќни здравствени придобивки од киселата зелка

 Ги чисти цревата и го зајакнува имунитетот: 5 моќни здравствени придобивки од киселата зелка

Киселата зелка е извор на бројни витамини кои поволно делуваат на организмот, а постојат најмалку 5 причини зошто треба да ја вклучите оваа намирница во исхраната.

Една студија објавена во списанието „Global Advances in Health and Medicine“ вели дека овој облик на конзервирање на зелката датира уште од периодот од 4-от век пред Христос и е многу хранлива намирница.

Полна со витамини и минерали

Освен што е нискокалорична (околу 30 калории по шолја), киселата зелка содржи значајни хранливи материи како витамин Ц, К, Б6, влакна, железо, бакар, манган, фолат и калиум.

Одлична за цревата

Бидејќи е ферментирана намирница, киселата зелка природно содржи пробиотици и пребиотички влакна кои се делотворни кога станува збор за констипација, дијареа поврзана со употреба на антибиотици и инфекции како и кај синдром на иритабилни црева.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Бидејќи отприлика 70 до 80 отсто од нашиот имунитет зависи од здравјето на цревата и овие два системи се нераскинливо поврзани, тоа значи дека било која храна која ја подобрува работата на цревата, го зајакнува и имунитетот.

Добар извор на влакна

Според базата на податоци за храна на американското министерство за земјоделство (USDA), една шолја кисела зелка содржи 4 грама влакна, што е еднакво на 15 отсто од дневната препорачана вредност.

Пребиотичките влакна помагаат во хранењето на добрите бактерии во цревата, вели гастроентерологот Марвин Синг.

Влијае на намалување на стресот

Истражувањата тврдат дека пробиотиците кои ги содржи зелката ги намалуваат анксиозноста и депресивните симптоми кај луѓето поради поврзаноста на цревата со мозокот. Здравите црева се основа за функционирање на целиот човечки организам.

x