Го чува срцето, ги исфрла токсините, а го регулира и нивото на холестерол: Рецептот за овој напиток секој треба да го знае

 Го чува срцето, ги исфрла токсините, а го регулира и нивото на холестерол: Рецептот за овој напиток секој треба да го знае

Секое утро на празен стомак напијте се по една чаша од овој напиток или пак во текот на денот пијте го континуирано.

Освен што го ставаме во разни колачи, можеби досега сте слушнале колку е здраво да јадете суво-грозје поради тоа што тоа може да спречи кардиоваскуларни болести, да ги регулира нивото на мастите во крвта и уште многу други работи.

А, доколку направите напиток од ова овошје ќе добиете вистинска витаминска бомба.

Сè што треба да направите е да потопите суво-грозје во вода и да оставите да отстои 24 часа, а во текот на целиот ден треба да пиете по малку од оваа вкусна течност или истата испијте ја наутро на празен стомак.

Ова е идеален начин на консумирање за оние кои не го сакаат сувото-грозје, поради тоа што вкусот на тој начин е целосно различен.

Еве кои се придобивките од овој напиток:

Содржи голема количина витамини и минерали

Помага во сузбивање на нечистотиите и токсините од организмот

Помага во детоксикација на црниот дроб

Овозможува добро варење на храната

Поради своите биофлавоноидни својства, грозјето испушта нутриенти кои се пренесуваат во водата и станува моќен антиоксидант

Голем извор на енергија е поради високата содржина на јаглехидрати

Природен диуретик преполн со растителни влакна кој помага за подобра работа на дигестивниот систем

Ја поттикнува циркулацијата на крвта

Содржи антиоксиданти кои се борат против слободните радикали

Поволно делува на работата на срцето

Фото: „Freepik“

x