Го малтретирала и присилувала да питачи својот 8 годишен син во Струга

 Го малтретирала и присилувала да питачи својот 8 годишен син во Струга

На 14-ти септември 2021 година, во ОВР Струга приведена е 28-годишната М.Н. од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

– Таа, околу 15:30 часот на улицата „Климетица“ во Струга физички го нападнала својот осум годишен син и го присилувала да питачи. Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи, малолетникот e пренесен во Општата болница во Струга каде му e укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што e пренесен и сместен во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца“ во Скопје. По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид