„Го правам во име Божјо“, над 20 години се грижи за сираци – Фикрије израснала над 15 деца без родители

„Го правам во име Божјо“, над 20 години се грижи за сираци – Фикрије израснала над 15 деца без родители

Семра и Метин се деца без родители кои биле оставени во сиропиталиште. Но тие воопшто не го чувствуваат недостигот од родителска љубов бидејќи за нив се грижи госпоѓата Фикрије Арулау од Скопје, односно од село Морани.

Веќе 20 години г-ѓа Фикрије се грижи за деца без родители. Таа вели дека сега се грижи за на над 15 деца кои ги зела од Центарот за социјална работа.

Таа вели дека е среќна со овие деца и дека нејзината цел е на овие деца да не им недостига ништо.

-Ова не го правам за пари. Сакам да ги изведам на вистинскиот пат, за Бога го правам ова. Само за Бога, да им помогнам, бидејќи греота се, треба некој да им подаде рака, вели Фикрије.

Не дека таа нема деца, таа израснала 5 свои деца, но вели дека желбата за да им помага на децата е многу голема.

ТВ21: Бидејќи сте мајка, кажете ни, колку деца имате.

-5 се мои, 3 ќерки и 2 синови. Најголемата има 36 години. Тие како ги пречекуваат децата? Добро, многу ги сакаат, рече Фикрије.

Семра сега има 7 години. Вели дека за неа се грижи уште кога имала само 5 месеци. Таа и се обраќа со Мамо.  Грижата за децата ја прави со многу љубов бидејќи многу ги сака децата, затоа вели дека ова воопшто не и е тешко.

-За мене не е воопшто тешко, навикната сум со деца и сум човек што многу ги сака децата. Многу ги сакам децата, вели Фикрије.

ТВ21: Гледаме дека ќерката е блиску до тебе, знаете ли каде се нејзините вистински родители?

-Семра кога ја родила мајка и, и ја одзела државата, немала услови за да ја чува, татко и проси на семафори, а мајка и има и ментално нарушување, болна е, повеќе е во Бардовци отколку дома, рече таа.

ТВ:21 Од која возраст се грижите за неа?

-Од 5 месечна возраст.

ТВ21: Како се однесува со вас?

-Добро, мамо, на маж ми му се обраќа со тато, нас не има како семејство.

ТВ21: Почна ли на училиште?

-Да, прво одделение е во Морани.

-Добра е, почна да зборува, бидејќи долго време не зборуваше, 5 години Семра не зборуваше. Ја носев на лекар, никој не ми помогна.

ТВ21:  Кога си заминуваат, тешко ли ви е?

-Многу

ТВ21: Сакаш ли да ги сретнеш повторно?

-Да, многу, сега ја зедоа едната. Таа живее во Топанско Поле, за неа ми е многу тешко, многу добра беше со мене, ме сакаше и јас ја сакав.

-Сите се радуваат кога ме гледаат со децата. Ми велат блазе си ти, што им помагаш, Господ им се смилувал на овие деца, им испратил некој да им помогне, да се грижи за нив.

За грижата за овие деца до сега добила по 12 илјади денари, а сега последниот пат добила 17 илјади денари, но вели дека оваа сума воопшто не и е важна.

-Не е работата за 12 илјади денари или ќе биде 30 илјади, не се доволни, бидејќи си 24 часа врзан за тие деца, работата е да направиме добро дело за вечноста, бидејќи животот во овој свет е краток.

Г-ѓа Фикрије апелира до сите семејства кои имаат услови, да земат деца и да се грижат за нив бидејќи, како што вели, тоа е голема радост, но истовремено апелира и до институциите да ја олеснат постапката за посвојување деца со цел и етничката припадност да не биде пречка за грижа за децата без родители.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds