Гол маж прошетал по охридската чаршија

 Гол маж прошетал по охридската чаршија

Гол маж на возраст од 50-тина години утринава прошетал низ центарот на Охрид, во период кога низ градот имаше странски делегации, учесници на „Преспа форум дијалог“.

Граѓанин испратил фотографии до порталот „Сакам да кажам“ од прошетката на голиот маж по охридскиот плоштад, пренесува „Телма“.

Од охридската полиција за порталот велат дека станува збор за граѓанин кој им е познат од претходно по слични инциденти, кој бил и пријавуван. Од полицијата велат дека порано мажот шетал по танга, но сега целосно се соблекол.

Мажот ја соблекол својата облека на плоштадот и ја оставил на рекламно пано.

Во Охрид се одржува „Преспа форум дијалог“, настан на кој учествуваат политичари од целиот свет, а таму е и целиот македонски државен врв.

>
>