
Голем арсенал оружје на „Коза Ностра“ пронајден на Сицилија: Го спакувале и закопале во близина на плажа…
Италијанската полиција денес откри голем арсенал оружје во два подземни резервоари за вода недалеку од плажа во сицилијанскиот град Катанија.
Пронајдени се пушки, пиштоли, митралез, Калашњиков и околу 3 илјади парчиња муниција, како и уште неколку парчиња различно оружје, пренесуваат италијанските медиуми.
Оружјето било пронајдено спакувано и закопано во резервоари за вода на длабочина од два метри, на дел кој му припаѓа на клубот „Ле Капанин“ веднаш до плажата.
Италијанските власти отворија истрага против непознати лица, меѓутоа полицијата е уверена дека сицилијанската мафија „Коза Ностра“ го користеле оружјето, или пак планирале да го употребат или продадат.
Инаку, мафијата „Коза Ностра“ со години нема учествувано во поголеми вооружени престрелки, а оружјето мафијашите го чуваат за да се заштитат од ривалските банди и за заплашување.