• 25/09/2020

Голем интерес за Охрид во Србија за новогодишните празници

 Голем интерес за Охрид во Србија за новогодишните празници
loading...
Advertisement

И оваа Нова година Охрид е интересен за туристите од соседните земји, кои традиционално ќе бидат најбројни за претстојните празници.

Само преку агенцииите „Виа Травел“ и „Go to Max“ од Србија ќе пристигнат 1300 гости од оваа земја, кои ќе престојуваат во охридските хотели и aпартмани.

-Освен организиран дочек на Новата година во дискотеки, хотели и кафулиња, планиран е разглед на градот со околните знаменитости, како и на Св. Наум, забави на брод… Ќе биде ова уште една Нова година за паметење, велат од агенциите Виа Травел“ и „Go to Max“.

Во соседна Србија покрај 1 јануари, неработен е и втори, а многу компании го спојуваат празникот со претстојниот викенд и божикните празници, поради што се очекува голем број луѓе да отпатуваат на мини одмор во блиското опкружување, а една од поатрактивните дестинации на Балканот е и Охрид.