Голем одрон на патот: Земјотресот попладнево го блокираше влезот во Дебар

 Голем одрон на патот: Земјотресот попладнево го блокираше влезот во Дебар

Земјотресот кој пред половина час беше почуствуван во Македонија, а беше со сила од 4.9 степени по Рихтер, направи проблеми на патот Скопје-Дебар кај влезот на градот Дебар. 

Имено, од последиците на земјотресот се направил голем одрон на патот, што моментално го блокираше влезот во градот.

Последниот земјотрес имаше епицентар во Центар Жупа, а е најверојатно афтер шок од силниот земјотрес кој утринава го погоди Маврово и Ростуше околу 5 часот.