Голем пожар на пристаниште во Алабама, најмалку осум загинати
Најмалку осум лица загинаа денес кога огромен пожар се прошири на 35 чамци на пристаниште во американската сојузна држава Алабама, соопштија официјални лица.
Пожарот брзо се раширил додека луѓето спиеле во паркот во округот Џексон во Скотсборо. Алуминиумскиот покрив на дрвеното пристаниште се срушил и дел од чамците потонале.
Седум лица кои скокнале во водите на реката Тенеси се спасени и однесени во болница, јави Би-би-си.
Не е јасно што го предизвикало пожарот. Спасувачките екипи ја пребаруваат водата за да се осигураат дека нема други жртви.
Пожарот започнал околу 00:40 часот по локално време при што се запалени 35 различни пловила, а за некои сопственици тие биле постојано живеалиште.