Голем пожар во Струшко, силниот ветер го отежнува гаснењето

Голем пожар во Струшко, силниот ветер го отежнува гаснењето

Околу 14 часот е пријавен шумски пожар на планинските падини кај струшки Елен камен. Активностите на гаснење се уште траат.

-Не е изгаснат огнот, но нема опасност по куќите, објектите, викендиците и вилите кои се наоѓаат во близина. Противпожарните единици се на терен. Проблеми при гаснењето предизвикуваат и силниот ветар и непристапниот терен каде гори, ни одговорија од СВР Охрид.

Во областа има и викенд населба, поради што граѓаните кои се на празничен викенд во тие објекти го гледаат пожарот и алармираат дека се уште има силен оган, густ чад барајќи побрза интервенција од надлежните.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds