Голема хуманитарна забава во „Шила“ на охридските лајанси за поддршка на центарот за деца со аутизам

 Голема хуманитарна забава во „Шила“ на охридските лајанси за поддршка на центарот за деца со аутизам

Во организација на лајанс клубовите од Охрид: Лихнидос, Десарети, Охрид и Деница, во петок, 20 декември, во кафе и бар „Шила“, ќе се одржи голема хуманитарна забава.

Средствата кои ќе се соберат од продажба на влезници, како и половина од прометот кој ќе биде направен, ќе бидат донирани за поддршка на Центарот за деца со аутизам.

Хуманитарната забава во „Шила“ почнува во 20 часот.

Влез 300 денари.

Извор:OhridNews

>
>