
ГОЛЕМА ПРОГНОЗА ЗА ЗИМАТА: Различна од претходната, многу снег, но и суров студ
Претстојната зима треба да ни донесе повеќе снежни врнежи од претходните, иако температурите би можеле да бидат повисоки од просечните.
Според Марко Чубрило, професор по географија и метеоролог од Нови Сад, чии прогнози секојдневно ги следат десетици илјади луѓе на Балканот, и според досега добиените и анализирани податоци, зимата што претстои, може да се подели на прв постуден и втор потопол дел.
„Првиот дел од зимата во Југоисточна Европа, вклучително и регионот, треба да биде постуден од просекот, побогат со врнежи, а се очекуваат чести појави на силни циклони и засилен ветер, пообилен планински снег и почест снег во низините во споредба со претходните зими. Дел од зимата на овие простори има одреден процент на веројатност, моментално околу 40 отсто, да биде потопла од просекот. Во моментов, голем дел од прогнозниот материјал сугерира дека зимата 2021/2022 година во регионот треба да се разликува од мината. Се очекуваат значително повеќе врнежи покрај типичните зимски циклони, кои би можеле да донесат значително поголема количина на врнежи од просечните“, вели Марко Чубрило за „Блиц“.
Температурата засега се чини дека ќе ја направи зимата околу просечна или и малку потопла, со одредена веројатност, засега е околу 30 проценти, да биде значително постудена од просекот. Гледано по месеци, декември и јануари имаат најголем зимски потенцијал засега, кога регионот би можел да биде зафатен од неколку посилни студени периоди со пообилни врнежи и силен ветер.
„Февруари може да донесе помирно време со поретки циклони и помалку врнежи, но со оглед на оддалеченоста на тој период, прогнозата за тој месец е многу неверодостојна. Моментално се упатува на многу активен Медитеран и Јадранско Море каде би се развивале чести циклони. Нивната точна траекторијата би зависела од односот на снегот и дождот над Србија, јужниот и источниот регион би биле повеќе под влијание на топол воздух, па би имало повеќе дожд, а помалку снег“, вели Марко Чубрило.
Во вториот дел од јануари и почетокот на февруари би имало услови за појава на силни мразови со минимални и под -15 степени Целзиусови, додека февруари може да донесе поблаги метеоролошки услови, помалку снег и послаби мразови.