Големи гужви пред банките-секојдневие во Струга за време на пандемија

 Големи гужви пред банките-секојдневие во Струга за време на пандемија

Големите гужви пред банките станаа секојдневие во Струга. Чекајќи да влезат, граѓаните седат еден до друг, а редици има уште од рано наутро. Освен за плаќање сметки и други банкарски услуги, дополнително гужва има и поради исплатата на еднократната финансиска помош во износ од 6.000 денари за граѓаните кои ги исполнија условите од четвртиот сет мерки.

На социјалните мрежи има жестоки реакции во кои граѓани укажуваат дека ваквите турканици се опасност од пренесување на вирусот ковид 19 бидејќи не се држи потребното растојание и долго се’ чека .

Ваква слика пред банките е реалност не само во Струга туку и во други градови во земјава.

Инаку, еднократната помош која сега е актуелна се однесува на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Помошта првично беше наменета за купување македонски производи и плаќање само со картичка, но ваквата одлука е променета, па граѓаните сега парите може да ги подигнат и во готовина, а со нив да купуваат и други производи што не се домашни или да плаќаат за други услуги.

извор:strugaonline.mk