Големи поплави во Албанија: Домаќинствата во Скадар останаа без електрична енергија, војската го евакуира населението

 Големи поплави во Албанија: Домаќинствата во Скадар останаа без електрична енергија, војската го евакуира населението

колу 200 приватни куќи во општината Скадар се поплавени поради обилните дождови кои предизвикаа излевање на реките од коритата, а војската на Албанија евакуираше бројни домаќинства.

Како што пренесува “Albania Daily News”, голем број на куќи во општина Скадар останале без електрична енергија и вода за пиење и се отсечени од светот, а одредени патишта може да се пројдат само со чамец.

Општината побара од владата да прогласи вонредна ситуација во најзагрозените делови.

Ситуацијата е критична и во општина Валона каде поплавите направија голем сообраќаен хаос.

Слична е и ситуацијата во пристаништето Драч каде што е стопиран сообраќајот на малите и средни пловила.