„Google“ блокираше 164 опасни апликации: Веднаш избришете ги од вашите телефони

 „Google“ блокираше 164 опасни апликации: Веднаш избришете ги од вашите телефони

Дизајнирани се така што имитираат оригинален софтвер. Сопствениците на „Аndroid“ предупредени се да ги проверуваат уредите затоа што „Google“ штотуку блокираше 164 апликации од својата „продавница“.

Малициозниот софтвер им обезбедува пари на креаторите, ги успорува телефоните и го „бомбардира“ со непосакувани реклами, соопштиле експертите од „Satori Threat Intelligence“.

Дизајниран е така што ги имитира оригиналните апликации, а досега измамени се над 10 милиони корисници.

Само официјални верзии

Иако „Google“ ја отстрани апликацијата од „продавницата“, таа и понатаму претставува закана, па мора рачно да ја избришете, пренесува „Express“.

„Кога спуштате нова апликација, обидете се да ја добиете официјалната верзија. Погледнете ги рецензиите, не само позитивните коментари, туку и негативните“, советуваат сајбер-експертите.

Комплетната листа на апликации може да ја погледнете ТУКА, а некои од најпопуларните се:

1. iSwipe Phone X; 

2. DJ Mixer Studio 2018; 

3. AppLock New 2019; 

4. Ringtone maker – Mp3 cutter; 

5. Wifi Speed Test;

6. 3D Photo Editor.