Гостиварец фатен со дрога кај Горица

Гостиварец фатен со дрога кај Горица

На 26.02.2020 година во 20 часот и 35 минути, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на населбата „Горица“, полициски службеници извршиле преглед на патнички автомобил „Опел Мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 39 -годишно лице од Гостивар. Притоа, пронајдена и одземена е една црна најлонска кеса со 1,7 килограми опојна дрога марихуана, информира портпаролот на СВР Охрид, Срефан Димовски.

Возачот на возилото, заедно со двајца сопатници, исто такаод Гостивар, се приведени во полициската станица.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димовски.

Извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds