
Готвачки трик: Во меленото месо додајте една намирница за да биде сочно и меко
Подготвувањето јадења од мелено месо изгледа сосема едноставно. Меѓутоа, доколку сакате од меленото месо да го добиете најдобриот вкус и визуелен изглед, треба да му додадете сода бикарбона.
Ако ја додадете во месото, ќе остане меко, а притоа ќе добие убава боја кога ќе се свари и нема да испушта многу вода.
Искусни готвачи тврдат дека е доволно да се раствори прстофат сода бикарбона во малку вода, па да се измеша во сирово мелено месо и да се остави да отстои најмалку 15 минути (но не повеќе од 45 минути) пред подготовката.
На тој начин месото ќе има убава боја, а исто така нема да има гумен вкус, што понекогаш може да се појави по долго варење.
Трикот е во едноставна хемиска реакција – содата бикарбона ја подига pH вредноста на месото и на тој начин го спречува врзувањето на протеините во месото. Благодарение на тоа, вишокот вода не се истиснува.