• 28/09/2020

Градоначалникчката на Стаунтон Каролин Дал на пријателска посета во Општина Струга

 Градоначалникчката на Стаунтон Каролин Дал на пријателска посета во Општина Струга
loading...
Advertisement

Градоначалникот на Општина Струга , г.Рамис Мерко ги пречека на пријателска средба градоначалничката на Градот Стаунтон г-ѓа. Каролин Дал, директорката на Библиотеката и Претседателскиот Музеј Вудроу Вилсон г-ѓа. Робин Ван Селденек и градоначалникот на Општина Чаир г. Висар Ганиу оваа сабота. На средбата се разговараше за можни соработки и заеднички проекти, како и за збратимување меѓу Општина Струга и Градот Стаунтон, по кој повод градоначалничката Дал го почести градоначалникот Мерко со “Клучот на Градот Стаунтон”.

После средбата делегацијата од САД.заедно со градоначалникот на Општина Чаир и градоначалникот Мерко имаа можност да присустуваат на првиот концерт на ансамблот за албански ора и песни во РСМ,кој се одржа во Центарот за Култура во Струга, каде што разновидната традиционлана облека, песни и ора и оставија голем впечаток на градоначалничката Дал која и се заблагодари на градоначалникот Мерко за топлото гостопримство и изрази желба ваквите средби да се повторат и во иднина.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга