
Градоначалникот Мерко и Јетон Шаќири доделија по 300 книги за секое училиште во Општина Струга
Вчера Општина Струга организираше акција за доделување на книги со цел збогатување на библиотеките на основните и средните училишта.
Книгите кои се доделија беа дела на 50 нобеловци преведени на албански и други наслови од албанската литература.Акцијата ја водеше градоначалникот на Општина Струга, г-дин Рамис Мерко и кандидатот за пратеник г-дин Јетон Шаќири, кој што на секое училиште им додели 300 книги кои ќе бидат од голема помош за воспитно-образовниот процес во овие училишта за кои конечно завршија мрачните денови кога немааа ни креда за пишување на таблата заради блокираните сметки, а уште помалку книги во библиотеката.
Директорите и преставниците на училиштата им се заблагодарија на организаторите и ја поздравија иницијативата која е од голема важност за сите идни генерации кои што ќе поминат низ нивните клупи.Канцеларија за односи со јавноста,Општина Струга