Градоначалникот Мерко на терен, ќе се отвараат нови ленти од кружниот тек кај полицијата до ресторанот ,,Аполонија“

 Градоначалникот Мерко на терен, ќе се отвараат нови ленти од кружниот тек кај полицијата до ресторанот ,,Аполонија“

Градоначалникот г. Рамис Мерко, денеска излезе на терен за да ги следи мерењата направени според елаборатот и деталниот план.

Станува збор за отворање нови ленти на централниот пат од кружниот тек до полицијата до ресторанот Аполонија. Во северниот дел на патот има некои објекти кои ќе бидат експроприрани и нема да претставуваат проблем за проектот да се спроведува без прекини.

Овој капитален проект ќе овозможи лесно движење на возилата, истовремено ќе се обезбедат околу 300 нови паркинг места, тротоари за пешаци, атмосферска канализација, улично осветлување и целосно нов систем за собирање електрични кабли под земја.

>
>