Градоначалникот Мерко потпиша договор со Антонија Шишак за проектот „Струга – Твојата туристичка дестинација“

Градоначалникот Мерко потпиша договор со Антонија Шишак за проектот „Струга – Твојата туристичка дестинација“

Градоначалникот на Oпштина Струга, г. Рамис Мерко потпиша договор со Светската банка за реализација на проектот „Струга – Твојата туристичка дестинација“ за реконструкција и проширување на патека за пешаци и велисопеди долж Охдриското Езеро и тоа почнувајќи од Евро Хотел до крајот на патот за Калишта. Главната цел на проектот „Струга – вашата туристичка дестинација“ е локалниот развој и промовирање на туризмот што ќе има значителен придонес врз локалниот економски развој.

Станува збор за изградба и реконструкција на патната инфраструктура, изградба и проширување на патека долга околу 4 км, долж патот на Охдридското Езеро, за пешаци и велисопеди, од двете страни на патот, што ќе служи за рекреација и воедно слободно движење на пешаци и велосипедисти.

Проектот е во вредност од 800 илјади евра и е заедничко финансирање на Општина Струга со Светската банка.Тендерот е објавен од 02.03.2020 и ќе биде отворен до 30.03.2020. Сите заинтересирани може да се најдат повеќе информации на веб-страната на Бирото за Јавни набавки. Струга наскоро со нов изглед. За Струга што ја сакаме.

Канцеларија за односи со јавноста,Општина Струга

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds