Градоначалникот Мерко со порака до граѓаните по повод Денот на толеранцијата

 Градоначалникот Мерко со порака до граѓаните по повод Денот на толеранцијата

По повод 16-ти ноември, светски ден на толеранцијата, своја порака испрати градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко.

-Kако градоначалник на општина во која се живее во едно мултикултурно, мултиетничко но и општество кое сака да се развивапо светските трендови, би сакал да се почитуваме меѓу себе и да сме толеранти.-вели Мерко.

-Универзалната дефиниција за толеранција преставува почитување, прифаќање и уважување на богатствата од различности во светските култури и таа е форма на изразување и начин да бидеме луѓе. Толеранцијата подразбира волја и способност да се прифати и да се дозволи различноста, било да се работи за разликите во политичките уверувања, верските и расните уверувања, или пак за разликите меѓу половите. Секојдневно се залагаме Струга да биде пример за толеранција и заедничко живеење.-додаде градоначалникот.