
Градоначалникот на Охрид се консултирал со Еди Рама
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски,се консултирал со премиерот на Албанија, Еди Рама, во врска со дивоградбите во заштитениот појас на Охридското Езерото. Побарал совет од шефот на албанската влада кој веќе има искуство во справувањето со овој феномен, бидејќи Албанија ги расчистува илегалните градби од другата страна на езерото.
По прашање двајцата функционери дискутирале за време на регионалниот состанокот Западен Балкан што на 9 ноември се одржа во Охрид на која присуствуваа сите политички лидери од Западен Балкан освен од Косово.
„Го прашав како срушивте сè, на што Рама ми одговори дека ако сакаме акцијата да ни биде успешна треба зад неа да стои полицијата и државата. Ми рече, ти сам не можеш да се избориш со проблемот кој со години се таложел“, вели Георгиевски.
Албанија оретходно интензивно го расчистуваше целиот крајбрежен појас од од нелегални градби како кафулиња, ресторани и тераси, а на 6 јуни годинава албанскиот дел од Охридското Езеро беше вклучен во листата на светско наследство на УНЕСКО.
Извор:faktor.mk