Градоначалникот Рамис Мерко одржа состанок за големиот број питачи во градот

 Градоначалникот Рамис Мерко одржа состанок за големиот број питачи во градот

На покана на градоначалникот на Струга, г. Рамис Мерко, денес се одржа средба помеѓу градоначалникот, директор на Центарот за социјална работа, г. Мехмед Халили, командирот на полицијата г. Абдулќерим Камбери и раководителот на единицата за внатрешни работи во Струга, г. Дритан Ајро.Целта на состанокот беше загриженоста на граѓаните за големиот број питачи во градот.

Ова прашање претставува загриженост во текот на целата година, но во текот на летната сезона тие го окупираат градот Струга и ситуацијата станува уште потешка.

Се одлучи од следната недела, односно почетокот на јуни да започне акцијата за отстранување на питачи и нивно сместување во соодветни простории.

Истовремено, апелираме до граѓаните да ја зачуваат својата солидарност кога станува збор за злоупотреба и развој на овој нелегален бизнис.

>
>