
Градот во кој започна сè – Вухан: Видеата и фотографиите од забавите го згрозија светот, не се почитуваат ниту мерките…
Во Вухан била одржана забава на отворено, а како што може да се забележи од фотографиите и видеата, баш и немало слободно место.
Откако беше пријавен првиот случај на Ковид-19, поминаа повеќе од осум месеци.
Иако во градот во кој што сè започна и понатаму се чувствуваат страшните последици на епидемијата, сепак жителите на Вухан се трудат некако да не заборават дека таа и понатаму трае.
Во текот на изминатиов викенд во водниот парк во Вухан се одржувале забави каде што имало голем број луѓе, а мерките за заштита од вирусот баш и не се почитувале.
Да ве потсетиме, епидемијата коронавирус започна токму во кинескиот град Вухан, градот во кој што се наоѓа морскиот пазар откаде што наводно врусот протече и каде што се продаваат најразлични видови животинско месо.
Оттаму вирусот се прошири во цел свет.