Граѓаните кои прележале Ковид-19 отсега може да извадат сертификат преку „Мој термин”

 Граѓаните кои прележале Ковид-19 отсега може да извадат сертификат преку „Мој термин”

Во Националниот систем „Мој термин“ е воведена можноста за издавање сертификат за прележан Ковид-19. Сертификатот им се издава на сите лица кои во последните девет месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем.

– Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk. Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, датум на тестирање, датум на позитивен резултат, здравствена установа (лабораторија) каде што е направено тестирањето, како и QR-код. Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство, информира Министерството.

x