Граѓаните на Москва ги очекува снежен колапс: Обилен снег ќе паѓа без престан…

 Граѓаните на Москва ги очекува снежен колапс: Обилен снег ќе паѓа без престан…
data-language="en"

Рускиот главен град во следните три до четири дена го очекува обилен снег, што е најдолг период на врнење на снег во последните три години, соопштија руските метеоролози.

Директорот на Одделението за истражување при руската државна Метеоролошка служба, Роман Вилфанд изјави за руската новинска агенција “TASS” дека снегот во Москва ќе започне да паѓа утре после пладне и дека врнежите на снег ќе траат до 13-ти или 14-ти февруари.

„Количината на снег ќе биде огромна, снегот ќе продолжи да паѓа без прекин. Тоа ќе биде вистински снежен колапс, такво нешто се нема случено во последните неколку години“, изјави Вилфанд.

Вилфанд потсети дека снегот во Москва последен пат паѓал три дена без прекин од 3-ти до 5-ти февруари 2018-та година.

Рускиот метеоролог предвидува дека длабочината на снегот на Москва би можела да биде зголемена за 50 до 55 сантиметри, што е речиси рекордна длабочина во руската престолнина.

Најдлабоката снежна покривка во Москва беше регистрирана на 14-ти февруари минатата година кога беше измерена длабочина од 60 сантиметри.