• 21/09/2020

Граѓански форум со претставници од општината и месните заедници

 Граѓански форум со претставници од општината и месните заедници
loading...
Advertisement

Вечерва со почеток во 19 часот, во малата сала на Општина Охрид ќе се одржи граѓански форум на кој ќе учествуваат претставници од Општина Охрид и од месните заедници.

Целта на средбата е да се слушнат предлозите и барањата на граѓаните од руралните средини и истите да се имаат во предвид при креирањето на општинскиот буџет за 2020 година.

На средбата ќе присуствуваат претставници од Секторите за Финансиски прашања и Комунални дејности сообраќај и улици и претставници од Советот на Општина Охрид.

Извор: Ohridnews