Грција планира да се рашири на Медитеранот, турскиот министер им порача: Нема да може! (ВИДЕО)

 Грција планира да се рашири на Медитеранот, турскиот министер им порача: Нема да може! (ВИДЕО)

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска повтори дека Анкара никогаш нема да прифати било каков потег на Грција за проширување на територијалните води во Егејското Море.

Говорејќи на собир во Истанбул за проблемите во односите на Турција со Грција, Акар рече дека Турција е решена да продолжи со истражувањето на нафта во источниот Медитеран во област за која верува дека Анкара и кипарските Турци имаат права.

Сојузниците во НАТО и соседите, Грција и Турција со децении се во расправии за голем број прашања, вклучувајќи го и спорот за разграничување на зоната за експлоатација на гас во источниот Медитеран. Грција вели дека има право да ги прошири своите територијални води од сегашните 6 до 12 наутички милји околу нејзините острови во Егејското Море, а турскиот парламент уште во 1995 година рече дека ќе ги протолкува таквите проширувања како причина за објавување војна. Во јануари, грчкиот парламент изгласа проширување на водите долж западниот брег, од другата страна на земјата, на 12 милји.

„Иако не го прифаќаме ова тврдење, кое го игнорира меѓународното право, принципите на разумот и логиката, Грција се обидува дополнително да го прошири својот воздушен простор сонувајќи за проширување на територијалните води на 12 наутички милји“, рече Акар, додавајќи дека тие биле само „ празни соништа “.

>
>