Грција и Турција започнаа преговори за истражување на гас во Егејско Море

 Грција и Турција започнаа преговори за истражување на гас во Егејско Море

Турција и Грција денеска во Истанбул започнаа разговори за решавање на спорот околу истражувањето на нафта и гас во источен Медитеран по повеќемесечна дипломатска криза, изјави за агенцијата „Франс прес“ висок турски официјален претставник.

Тој прецизира дека грчката дипломатска делегација ја примил вториот човек на турската дипломатија, Седат Онал.

Преговорите меѓу Турција и Грција беа прекинати во 2016 година поради растечките тензии.

Турските мисии за истражување на гас во грчките води во последните месеци доведоа до дипломатска криза во односите меѓу двете земји од 1996 година, кога тие беа на работ на војна.

Иако Атина изрази оптимизам и надеж, а Анкара ја поздрави позитивната атмосфера, не се очекува голем напредок од овие разговори.

Двете земји не успеаја да се договорат за списокот на теми, што е знак, како што пишува „Франс прес“, дека разговорите може да се претворат во разговор на глуви.

>
>