
Греса Мустафаи обезбеди пласман за европско карате првенство во Ларнака-Кипар
Во Неделата 04.12.2022 година во Скопје се одржа ПЛЕЈ ОФ-Државното првенство за кадети,јуниори и У21 каде што на тоа првенсто во категоријата Јуниори +66кг преставник на Карате Клуб Ерол 2007-Лабуништа беше натпреварувачката Греса Мустафаи.
Греса Мустафаи, имаше подготвителни турнири во Бар, Подгорица, Тирана и во Р. Словениа каде што во Р.Словенија успеа да освои 2 медали и во Јуниорска и во Сениорска категорија, тоа беше големо искуство за понатамошните активности.
Во неделата на ПЛЕЈ ОФ-Државното првенство за кадети, јуниори и У21, имаше три дуели каде што успеа да победи и да се закити со златен медал, освојувањето на златен медал беше пласман за европско првенство кое што ќе се одржува во Лимасол-Кипар во февруари 2023година.
Двајцата тренери Шефи Речи и Ерол Зенделоски од Греса Мустафаи се надеваат на успешен резултат и да се врати со медал од едно такво големо натпреварување.







