Хабиб најави голема борба: Среќно брате

 Хабиб најави голема борба: Среќно брате

Хабиб Нурмагомедов неодамна се прости од ММА со победа над Џастин Гаетже, но е тука за да ги поддржи своите големи пријатели.

Орелот ја заврши својата кариера со сооднос 29-0, а како свој наследник ги гледа својот соиграч и човекот што го нарекува брат, Ислам Махачев.

Станува збор за 29-годишен Дагестанец кој израснал со Хабиб и неговиот татко Абдулманап, но кој сепак, за разлика од Хабиб, забележа еден пораз во УФЦ.

Сепак, тој не загуби во последните пет години, а во Лас Вегас го чека голема борба. Самиот Хабиб сега му посака среќа.

“Останаа помалку од 10 дена до главната борба во кариерата на Ислам Махачев. Тој ќе настапи на главниот настан на вечерта на УФЦ во Вегас на 14 ноември. Среќно, брате, рацете горе и напред”, напиша Хабиб објавувајќи тимска фотографија.

Махачев во Лас Вегас ќе се бори против поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Рафаел Дос Анџос.