Хабиб се спрема за фудбалска кариера!

Хабиб Нурмагомедов откако виде дека нема конкуренција во УФЦ во лесна категорија сака да се проба и во други спортови, пред се во фудбалот. Неодамна тој одигра еден натшревар со свои пријатели, тука беше и некогашната голема фудбалска ѕвезда Кларенс Сидорф. На тој меч Дагестанецот постигна ефектен и ретко виден гол, па очигледно е дека апетитите пораснаа.
Сака човекот да биде фудбалер.
Дека чека некоја добра понуда, Хабиб се огласи и преку својот инстаграм профил.
“Се подготвувам за свое деби и во фудбалот. Слободен сум играч и чекам добри понуди“ напиша Хабиб.
Се разбира дека ова беше шега од негова страна, или не…