Хабиб се враќа, оди на 30-0

 Хабиб се враќа, оди на 30-0

Хабиб Нурмагомедов пред дваесетина дена објави дека ја завршува кариерата со перфектни 29 победи и ниту еден пораз. Голем дел од јавноста веднаш изрази сомнеж дека ставот на Хабиб нема да трае премногу долго, а веќе денеска беше најавено дека одлуката експресно ќе биде променета.

Менаџерот на Нурмагомедов, Али Абделазиз, објави порака на социјалните мрежи: 30-0… јасно алудирајќи на нова борба на Хабиб.

Според неофицијалните најави, Нурмагомедов ќе ја исполни желбата на својот починат татко Абдулманап и ќе влезе во октагонот со легендарниот Џорџ Сен Пјер

Извор:ipon.mk