Хабиб се врати дома, пречекан со државни почести (ВИДЕО)

 Хабиб се врати дома, пречекан со државни почести (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов се врати во Махачкала три дена по големата победа над Џастин Гајџи. Во родниот Дагестан е пречекан како национален херој што секако се очекуваше.

Во саботата Хабиб стигна до 29-та победа во 29 борби во УФЦ. Ја заврши кариерата бидејќи и ветил на неговата мајка дека повеќе нема да се бори.