Хабиб со последната изјава ги збуни фановите и ги остави во исчекување

 Хабиб со последната изјава ги збуни фановите и ги остави во исчекување

Хабиб Нурмагомедов (29-0) постојано повторува дека тој веќе нема намера да се враќа во октагонот. Шефот на УФЦ, Дана Вајт, во последните неколку месеци разговараше со 32-годишниот шампион во лесна категорија, но не успеа да го убеди. Дагестанецот без пораз го победи Џастин Гејџи во октомври минатата година и се повлече по тој триумф.

Потоа изјави дека и ветил на својата мајка дека повеќе нема да се бори без татко му. За сите овие месеци, тој не отстапи ниту милиметар од својата одлука и во ниту една изјава не навести дека сака да се врати во октагонот.

Но, со последната објава на социјалните мрежи, тој ги збуни обожавателите. Хабиб објави фотографија со поранешниот извршен директор на УФЦ Лоренцо Ферита со порака:

„Беше убаво да те видам, Лоренцо. Дана, испрати ми ја локацијата“.

Дали непоразениот Дагестанец конечно одлучи што да прави со шампионскиот појас на УФЦ? Фановите на Хабиб сега се радуваат на неговиот следен потег…

>
>