• 22/09/2020

Хабиб со совет до Роналдо: Откажи се додека си на врвот

 Хабиб со совет до Роналдо: Откажи се додека си на врвот
loading...
Advertisement

Шампионот во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов смета дека sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо треба да стави крај на својата фудбалска кариера кога е на највисоко ниво. Не е тајна дека двајцата спортисти се пријатели, Хабиб дури и го запозна синот на Португалецот во 2018 година.

„Знаете дека е тешко да се разделите со она што сте го правеле цел живот. Но, тоа не зависи од вас, ќе дојде време во секој случај. Ако не се откажете од спортот, тој ќе се откаже од вас“, рече Хабиб.

„Ако не заминете во вистинско време, ќе бидете заменети со нови шампиони, помлади, гладни за успех, помотивирани. Не можете да имате иста мотивација во текот на целата ваша кариера. Никој не е тука засекогаш, затоа е важно да заминете во вистинско време. Тој има 34, 35 години нема да ги има истите квалитети. И не е важно дали е Кристијано или Хабиб, луѓето ќе доаѓаат и ќе го заземат нашето место. Мојот совет до него, како и кон мене самиот, е да замине во вистинско време“, рече Нурмагомедов.