Хамилтон: Има потенцијал во нашиот болид

Хамилтон: Има потенцијал во нашиот болид

Пилотот на Формула 1 тимот Мерцедес, Луис Хамилтон го прокоментира недостатокот на победи во актуелната сезона на Формула 1.

– Не би рекол дека се чувствувам чудно. Имало сезони во мојата кариера каде што немав победа одреден период. Напредокот што го направивме на последните неколку трки дефинитивно ни дава надеж за она што следува. Има потенцијал во овој болид и ние само треба да продолжиме да ја работиме нашата работа, да ја кренеме главата, да останеме фокусирани и да не се откажуваме, изјави Хамилтон, за „RacingNews365“.

Возачот на Мерцедес, Хамилтон, заврши на третото место на Големата награда на Британија.

Британецот го освои подиумот во Силверстоун по рекорден 13-ти пат и го собори рекордот на Михаел Шумахер по број на подиуми на една патека.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds