Хаос во Италија: Големи судири на демонстранти и полицајци поради “локдаунот”

 Хаос во Италија: Големи судири на демонстранти и полицајци поради “локдаунот”

Противниците на рестриктивните мерки во неделата навечер се судриле со полицијата во Рим, барајќи укинување на локдаунот.

Гневните демонстрантите се судриле во Рим со полицијата за разбивање на демонстрации, а притоа извикувале слогани, пееле и палеле оган. 

Тие носеле италијански знамиња, транспаренти, а еден свештеник кој минувал низ плоштадот ја поздравил масата.

Во Италија и натаму расте бројот на заболени од коронавирус, откако во неделата биле забележани 33.900 новозаразени и 546 починати.