Хаос во Москва: Русите се кренаа против Путин, уапсени десетина демонстранти

Хаос во Москва: Русите се кренаа против Путин, уапсени десетина демонстранти

На протестите во Москва биле уапсени десетина демонстранти кои се противат на уставните реформи и можноста претседателот Путин уште 16 години да раководи со државата, известува “Reuters”.

Околу 500 демонстранти окружени со полиција, во главно носејќи заштитни маски, излегле на улица со транспаренти против уставните реформи, повикувајќи го Путин да поднесе оставка. 

На референдумот кој се одржал на почетокот на овој месец било изгласано усвојување на уставни реформи кои на Путин ќе му овозможат да се кандидира за претседател уште два мандати во вкупно траење од 16 години.

Опозициските активсти тврдат дека гласањето било нелегитимно и дека е време Путин да поднесе оставка, бидејќи како премиер или претседател на власт е повеќе од 2 децении.

Во текот на минатата недела полицијата уапсила двајца активисти вклучени во кампањата против уставните реформи, а исто така, непосредно пред закажаниот протест извршен бил претрес на становите на уште пет лица.

Во престолнината на Русија масовните собири моментално се забранети поради епидемиолошките мерки, но и во нормални околности за одржување на протест неопходно е претходно одобрение од власта.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds