Хаос во тајванскиот парламент, пратениците се истепале и фрлале водени балони

Хаос во тајванскиот парламент, пратениците се истепале и фрлале водени балони

Жестоката расправа прераснала во тепачка во тајванскиот парламент, трет пат во 15 дена, а некои пратеници противниците ги нападнале со водени балони.

Физичките пресметки не се новост за тајванските пратеници, а последните две недели биле особено бурни во текот на расправата за именувањето на идниот претседател на агенцијата задолжена за надзор на владата.

Физичките пресметки се случиле и кога се расправало за реформите и намалувањето на пензиите пред четири години, во време кога претседателката Тсаи Инг-Вен ја преземала должноста.

Пратеникот на Демократската напредна партија со тупаница го удрил колегата од опозициската “Коуминтенг” или “КМТ”.

Нешто подоцна, пратениците на КМТ одговориле на нападите на колегите со водени балони, па овие биле принудени да облечат пластични кабаници и да се штитат со големи картонски паноа.

Демократската напредна партија предложила на чело на агенцијата “Control Yuan” да застане 70-годишната Чен Чу, позната активистка за човекови права која шест години минала во затвор во време на диктатурата на Коуминтенг.

Демократската напредна партија има мнозинство во парламентот и таа во петокот, и покрај расправиите и физичките пресметки, ја потврдила кандидатката.

Од “КМТ” тврдат дека 24 од 27 кандидати именувани за членство во агенцијата се тесно поврзани со Демократската напредна партија и дека “станува збор за досега најлошо именување”.

Чен Чу објавила дека ќе ја напушти партијата кога ќе се потврди нејзиното именување за да се сочува непристасноста.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds