• 21/09/2020

Хаосот од Санкт Петербург се прелеа во Москва: Масовни дојави за бомби

 Хаосот од Санкт Петербург се прелеа во Москва: Масовни дојави за бомби

Police officers arrive at the scene following reports of gunfire, Tuesday, Dec. 10, 2019, in Jersey City, N.J. AP Photo/Eduardo Munoz Alvarez)

loading...
Advertisement

Непознати лица пријавиле дека има подметнато бомби во 13 окружни судови во Москва, додека слични дојави за бомби имало и за повеќе од 20 станици на подземна железница во Санкт Петербург.

„Непознати луѓе утринава преку имејл пријавија дека експлозивни направи се подметнати во 13 московски судови. Во тие судови започна процес на евакуација и упатени се итни служби да проверат информации за заканите со бомба“, соопшти прес службата на Градскиот суд во Москва.

Од 28-ми ноември до денес, повеќе слични закани добија судови, училишта и други објекти во главниот град на Русија, вклучувајќи го и храммот на Исус Спасителот, а на крајот сите дојави се покажаа како лажни.

Како што пренесува руската новинска агенција „ТАСС“, анонимните закани пристигнуваат од странство, односно најверојатно од Украина. Изнудувачите барале парите да им се пренесат во биткоини за да не ги извршат своите намери.

И судовите во Санкт Петербург добија закани со бомби и исто така и таму била извршена евакуација.

Преку анонимни писма руските институции добија предупредувања за поставени бомби и на 22 станици на подземната железница.

Во писмата имало барања 120 милиони рубљи или 1,8 милиони долари да се префрлат преку биткоини во „дигитален паричник“.