
ХОРОР СНИМКА: Мајка фрла бебе во контејнер (ВИДЕО)
Застрашувачко видео го доловува моментот кога мајка тинејџерка го фрлила своето новороденче во контејнер – пред детето да биде пронајдено живо неколку часа подоцна.
На видеото се гледа како жена доаѓа во автомобил пред да ја отвори задната врата и фрла црна кеса за ѓубре во контејнер на 7 јануари во Хобс, Ново Мексико.
Шест часа подоцна, на снимката се гледа како три лица гледаат во контејнерот пред еден од нив да го најде бебето внатре. Новороденчето било живо и сега е во стабилна состојба и згрижено во болница.
Полицијата ја обвини 18-годишната Алексис Авила (18) од Хобс за обид за убиство и злоупотреба на деца.
Џо Имбриале, сопственикот на продавницата чии безбедносни камери го направиле видеото, изјавил дека полицијата го замолила да го погледне видеото во петокот вечерта.
На видеото се гледа како жена – за која полицијата верува дека е Авила – влегува на паркингот со бел седан и фрла црна кеса за ѓубре – во која е нејзиното новороденче.
Повеќе снимки го покажуваат моментот кога детето било спасено откако луѓето очигледно го слушнале плачот на новороденчето.
Една жена извадила кеса со ѓубре и реагирала на тоа што имало внатре. Таа веднаш почнала да се грижи за бебето.