Хорор во фабрика во Бангладеш! Работници се фрлале од прозорец бегајќи од големиот пожар, околу 30 повредени, починатите се бројат

 Хорор во фабрика во Бангладеш! Работници се фрлале од прозорец бегајќи од големиот пожар, околу 30 повредени, починатите се бројат

Засега е непознато колку точно луѓе биле во запалената зграда. Семејствата собрани во близина на фабриката изјавиле дека се плашат дека билансот на жртвите ќе биде голем.

Пожарите во Бангладеш се релативно чести поради непочитување на безбедносните стандарди.

Полицијата и сведоците известиле дека пожарот избил во четвртокот навечер во фабриката за пијалоци и храна „Хашем“, која зафаќа шесткатница во Рупгањ, индустриски град во близина на Дака, и дека сè уште беснеел во петокот наутро.

„Три лица починаа откако се здобиле со тешки изгореници“, рекол шефот на регионалната полиција за „AFP“.

Најмалку 30 други лица се повредени, вклучувајќи некои кои се фрлиле од прозорец од повисоките катови додека пламенот брзо се ширел, рекол полицискиот инспектор.

https://t.co/XjQuqz4svk pic.twitter.com/LZfuNfFgEL

Полицијата првично известила за десетици исчезнати работници, но признала дека не го знае точниот број на лица на кои им се губи трагата.

Пожарникарите спасиле 25 лица од покривот на зградата, но исто така не успеале да го утврдат точниот биланс на настрадани.

„Кога ќе го изгаснеме пожарот, ќе започнеме операција за пребарување на преживеаните“, изјавил портпаролот на противпожарната служба.

Мухамет Саифул, работник кој го избегнал пожарот, рекол дека во фабриката имало десетици работници.

„На првиот кат вратите на скалите беа затворени. Колегите велат дека внатре биле 48 лица. Не знам што им се случило“, рекол тој.

Уште еден работник рекол дека тој и уште 13 лица истрчале на покривот кога пожарот избил на приземје, после што цела зграда била обвиена со црн густ чад.

Точка

>
>