Хорор во Италија: Го убила 2-годишниот син, па го фрлила неговото тело на каса во супермаркет

Хорор во Италија: Го убила 2-годишниот син, па го фрлила неговото тело на каса во супермаркет

Поранешната унгарска по**о ѕвезда обвинета е дека го избодела до смрт своето двегодишно дете, за време на лошата борба за старателство и го фрлила неговото тело на каса во италијански супермаркет.

Како што пренесува „Њујорк Пост“, Каталин Ерџбет Брадакс (44) влегла во самопослуга во градчето Чиле и барала помош, додека го оставала телото на својот син на каса.

Детето имало девет убодни рани на градите и вратот, пренесува „Њузфлеш“. Неговата маичка покриена со крв и џемперот на неговата мајка, подоцна биле пронајдени во напуштена зграда во близина.

Брадакс е уапсена и обвинета за убиство, а ножот бил пронајден во нејзината чанта. Истражителите веруваат дека мотивот на ова грозоморно убиство е одмазда кон таткото на детето, Норберт Јухаш, од кој се разделила и со кој водела тешка борба за старателство.

Таа на таткото наводно му испратила фотографии од мртвото дете преку WhatsApp и потоа влегла со детето во раце во продавница.

Поранешната ѕвезда на филмови за возрасни, наводно на полицијата ѝ рекла дека не го убила своето дете и им дала контрадикторни изјави пред да го повика својот адвокат.

Јухаш рекол дека Брадакс побегнала од Унгарија во Италија минатиот месец и го киднапирала неговиот син, на кој судот му го доделил старателството.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds