• 30/09/2020

Хоти: Ако не го добиеме местото претседател, ќе одиме во опозиција

 Хоти: Ако не го добиеме местото претседател, ќе одиме во опозиција
loading...
Advertisement

Членот на претседателството на Демократскиот сојуз на Косово, Авдулах Хоти, изјави дека нема да коалицира со движењето Самоопределување ако ДСК не го добие местото претседател.

Преговорите за коалиција заглавија околу барањето на ДСК упатено до самоопределување да им ја отстапат функцијата претседател.

– Ако не го добиеме местото претседател ќе одиме во опозиција, рече Хоти во емисија на телевизијата Т7.

Тој истакна дека ДСК е најстарата партија во Косово и како таква има искуство со градење институции.

– Ние исто така сме партија што ја градеше државата и како такви низ историјата ги стававме најдобрите луѓе на лидерски позиции, рече тој, додавајќи дека тоа не е услов, туку фер пристап на најстарата партија во Косово која прифаќа функцијата премиер да припадне на Самоопределување.

Демократскиот сојуз на Косово и Движењето Самоопределување добија најголем број гласови на парламентарните избори во октомври, но недоволно за самостојно да формираат влада.