Храбра кучка го запрела сообраќајот за да ѝ го спаси животот на својата сопственичка

 Храбра кучка го запрела сообраќајот за да ѝ го спаси животот на својата сопственичка

Храбра кучка од Канада го спасила животот на својата сопственичка која се онесвестила во текот на прошетката така што го попречила сообраќајот, барајќи помош од автомобилите кои поминувале.

Хејли Мур од Отава минатата недела го извела своето едно и пол годишно куче на прошетка, кога имала напад и останала без свест. Снимката од надзорната камера на една од соседните куќи, која сопственичката ја споделила на социјалните мрежи и кои ја пренесоа канадските медиуми, покажува како реагирало кучето на ваквата ситуација.

На видеото, кучката Кловер прво ја проверува својата сопственичка и гледа како автомобил проаѓа покрај нив пред друго возило да се приближи само неколку моменти подоцна. Кучето успеало да се ослободи од поводникот кој го држела Хејли, која во тој момент била без свест, и го блокирало патот на еден камионет, за возачот да застане и да излезе од возилото.

Откако помошта пристигнала, Кловер истрчала до домот на Хејли за да го „извести“ и остатокот од семејството – таа со лаење успеала да ги доведе до местото на несреќата каде ја затекнале Мур во возило на Итната помош.

Иако семејството не е сигурно што била причината за нападот, Мур за „CTV News“ рекла:

„Ако ова се повтори, се чувствувам 10 пати посигурна и знам дека Кловер ќе биде тука за мене“.

Кучката која успеала да ѝ помогне на сопственичката, како награда добила вкусен бифтек за вечера.

>
>