• 23/09/2020

Хрват ја снимил експлозијата: Бев во војна, но вакво нешто не сум доживеал

 Хрват ја снимил експлозијата: Бев во војна, но вакво нешто не сум доживеал
loading...
Advertisement

Хрватски државјанин, кој работел на пристаништето во Бејрут, успеал да го сними моментот на разорната експлозија за која вели личела како да паднала атомска бомба.

Дрво се виде облак од чад, а потоа не’ погоди експлозијата. Ни ги скрши сите прозорци и ја свитка вратата на бродот. Скокнавме од кабината и легнавме на под, не знаевме што е. Еден од нашите е повреден. Бев во војна, но вакво нешто не сум доживеал, раскажува за „24 сата“ .

Со колегите од Хрватска бил на брод закотвен на пристаништето кога најпрво слушнале две силни експлозии. Виделе како гори складиштето.

Сè се одвиваше во 15 минути. Имаше многу луѓе покрај бродовите, бидејќи работното време беше при крај. Видовме одалеку како гори некое складиште. Гореа и делови од дигалките. Не знаевме каде да бегаме кога се слушна силната експлозија. Еден колега заврши со скршеница, па го пренесовме во болница. Тука е хаос, вели Хрватот.

Тој посочува дека во Бејрут немале доволно пакети за прва помош колку што има повредени лица во експлозијата.