Хрватска ја стресе нов земјотрес од 4,2 степени по Рихтер

 Хрватска ја стресе нов земјотрес од 4,2 степени по Рихтер

Нов земојтрес утрово повторно ја стресе Хрватска. Според хрватската сеизмолошка служба тој е регистриран утрово во 05:37 часот со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Глина.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, пак, наведува дека јачината на земјотресот била 4,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на седум километри од Глина.

Според ЕМСЦ, епицентарот бил на длабочина од 10 километри, а потресот бил почувствуван и во Загреб.

Босанскиот портал „кликс.ба“ пренесува дека земјотресот бил почувствуван и во северозападниот дел на Босна и Херцеговина.

Ова е уште еден од низата земјотреси кои го тресат хрватското тло од крајот на декември 2020.

Најкатастрофалниот се случи на 29 декември 2020 и ги погоди централните делови на земјата. Имаше седум жртви: девојче од Петриње, пет лица во Мајске Полјане кај Глина и маж од Жажине, но и десетици повредени. Беа оштетени повеќе од 2 00 објекти, а најмногу страдаше центарот на Петриње.

>
>